Грнчаров од „Вардар“ го посети избодениот „комита“

Капитенот на македонскиот фудбалски првак „Вардар“, Бобан Грнчаров, го посети Златко Трајковски, повредениот  навивач на црвено-црните, кој беше избоден во четвртокот во центарот на Скопје, пишува Спорт1. Тој на момчето му подари дрес со бројот 6 и името Грнчаров.

„Ти пренесувам поздрави од целата екипа на ‘Вардар’, ти порачувам што побргу да оздравиш и знаеш – чекаме да те видиме пак на трибина“, му рекол Грнчаров на повредениот „комита“.

Повреденото момче е во добра здравствена состојба, но и понатаму ќе остане во болница. Не сака да зборува за инцидентот и се надева дека што побргу ќе го заборави тој ден.

Според МВР, инцидентот се случил во четвртокот попладне, а Златко по излегување од автобус бил нападнат од три лица и со нож бил прободен во пределот на стомакот. Полицијата вчера објави дека ги идентификувала тројцата учесници во инцидентот, а дека се приведени две од нив. Приведените лица во целост го признале делото. Против третото лице СВР и понатаму се трага.

 

Scroll to Top