Апелациониот суд Скопје му ја потврди првостепената пресуда на поранешниот премиер Никола Груевски, со која беше осуден на две години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“.
Штом пресудата ќе стигне во кривичниот суд, оди кај судија за извршување санкции кој треба да му додели упатен акт за Груевски да оди во затвор, пишува „Макфакс“.
Казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“. Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од 6,5 на 4, 5 години, а на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пресудата ќе ѝ биде изречена в понеделник, 8 октомври.