Актерката Ирена Ристиќ откако јавно го критикуваше работењето на Комунална хигиена, се нашла засегната извесна Џике Муртезановски, тазе вработена во Комуналец, на одделот кадровски прашања. Проблемот бил ѓубрето по Скопје. Џике, навредена од објавта на Ристиќ на Фејсбук, со апел до „Комунална“ дека со “чиста мисла и права метла, и со работење наместо врата клатење, градот убав пак ќе светне“, Мутрезиновски од кадрово, тоа го сватила лично. Не останала покуса, па и напишала „ Абе душо, зарем толку лоша актерка си што глумиш ѓубретарка за да излезеш пред камерите“.
По ова , повторно се огласи Ристиќ велејќи: „Леле Џике, па ти си она што ни треба, бејбе! Храбра биди, обиди се со мене. Па, ние може у преговори да влеземе! Повелете во нашите простории во недела во 11ч. Понесете метла и лопатка. Дали ќе побарам извинување од Џике.Не! Дали ќе останам цврсто во борбата против нивното неработење? Да!“, пишува актерката.