Популарната српска ѕвезда, Рада Манојловиќ постојано има настапи низ цела Србија, но и пошироко. За својот последен концерт таа одлучи да направи соработка со нашиот талентиран Македонец и да му го довери своето лице.
Манојловиќ соработуваше со мејк-ап артистот Тодор Тодороски и комплетно му го препушти своето лице на неговите вешти раце за концертот во туристичкиот комплекс „Бела вода“ во Струмица.
– Соработката ја започнавме сосема спонтано. Бевме на ручек со пријатели и ми кажа дека обожава шминка, па така јас како мејк-ап артисти и открив неколку тајни за одличен изглед при настапите. Си ветивме и понатамошна соработка за настани во Македонија, но и во Србија, ни раскажа уметникот Тодор Тодороски во краткиот телефонски разговор.
Тодор Тодороски веќе долго време е во водите козметиката, а досега се погрижил за убавината на илјадници луѓе. Неодамна на еден семинар во Дубаи тој имаше можност да се запознае и со светската ѕвезда Ким Кардашијан.