Хороскоп за 16 ноември: Бикот да избегнува пороци, ракот носи важни деловни одлуки

ОВЕН
Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно, ќе бидете задоволни со својата работа. Едно лошо искуство од минатото ве прогонува и како да не можете да се оттргнете. Проверете ја својата диоптрија за секој случај.

БИК
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и се обидувате да најдете начин малку да ја поправите. Покажете ѝ ги на саканата личност вашите искрени чувства. Важно е секогаш да бидете отворени со неа. Избегнувајте цигари.

БЛИЗНАЦИ
Ве очекува ден во кој ќе успеете да ги остварите своите деловни планови и цели. Ќе бидете задоволни со себе. Новото познанство во вас на некој начин буди и поттикнува прилично силни емоции. Психички сте преоптоварени.

РАК
Можеби денес ќе донесете важна одлука на деловно поле. Подготвени сте да менувате некои работи во драстична смисла. Доколку сте слободни, може да очекувате ново познанство во кое ќе уживате. Потребно ви е опуштање со пријателите.

ЛАВ
Обрнете внимание на новите информации што пристигнуваат до вас. Време е сериозно да ги сфатите промените. Може да очекувате многу поволни околности на љубовно поле. Ќе бидете задоволни. Можни се проблеми со крвната слика.

ДЕВИЦА
Се чувствувате прилично загрижено. Можеби работите на деловно поле не одат онака како што сте сакале и планирале. Бидете искрени кон себе и потрудете се да ги прифатите сите емоции што ги имате. Чувствителни синуси и склоност кон настинка.

ВАГА
Немате доволно доверба во своите соработници и ви се чини дека ви работат зад грб. Тешко ви е да остварите стабилност во односот со саканата личност. Карактерно многу се разликувате. Можни се проблеми со алергии.

СКОРПИЈА
Ова не е премногу поволен ден за работа, па избегнувајте какви било ризици. Потрудете се да се занимавате со рутинските и вообичаени обврски. Тешко ви е да ги прифатите маните на вашиот партнер. Избегнувајте претерано напрегање.

СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате среќни околности во кои ќе профитирате. Полето на заработка оди во позитивна насока. Тешко ви е да донесете одлука на љубовно поле. Саканата личност ви изгледа ладно. Чувствувате замор.

ЈАРЕЦ
Ќе бидете преоптоварени со обврските и нема да ви биде лесно да го издржите тоа напорно темпо. Можно е да имате криза со саканата личност и вашиот однос да оди во некоја погрешна насока. Не е поволен ден за вашето здравје.

ВОДОЛИЈА
Потрудете се да дадете сѐ од себе на деловно поле. Ќе успеете да ги реализирате своите планови ако бидете упорни. Саканата личност ги покажа своите најдлабоки емоции и потреби. Се чувствувате убаво кога сте заедно. Можни се респираторни инфекции.

РИБИ
На деловно поле може да дојде до некои пречки. Потрудете се да бидете подобро организирани. Имате чести расправи со личноста што ви се допаѓа. Може да очекувате некои компликации. Чувствителен мочен меур.

Scroll to Top