Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, денеска слави именден, а вчера ја доби паричката на бадниковата вечера. Тој пред новинарите изјави дека вчеравечер бил најсреќен од сите во семејството и дека очекува среќна и успешна година.
Во семејството на премиерот Заев паричката се паднала кај Господ. На вечерата кај претседателот Иванов паричката се паднала во домот. Кај градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најсреќен бил неговиот син.
Политичарите и денеска излегоа пред граѓаните, им го честитаа Божик и уште еднаш им посакаа мир и благосостојба во годината што доаѓа.