И докторка Цули со суперхероите: насмевки за болните деца на Клиниката во Скопје

Вчера Суперхероите претпразнично ги посетија децата-пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје и измамија насмевки.  Иницијативата која им го разубави денот на малите пациенти, ја ја организира и спроведува Црвен крст на град Скопје, со цел да им донесе дел од празничната магија на децата.

Членови на тимот, маскирани во омилените ликови од стриповите, ја изведоа вежбата спуштање по јаже, пред очите полни возбуда на хоспитализираните деца. Децата се фотографираа со нивните омилени јунаци. Оовој меѓу суперхероите беше и дирекорката на Клиниката за детски болести, др.Аспазија Софијанова. Докторка Цули како што ја викаат е една од омилените во јавноста, па не изнеади нејзината идеја да ги пречека суперхероите кои трета година по ред успеваат да ги израдуваат болните деца на Клиниката.

Scroll to Top