И Каролина ќе пее на MAC наградите

Каролина Гочева е првата пејачка од Македонија што потврди дека ќе пее на регионалните музички МАС награди. Претходно, своја поддршка за MAC од Македонија ја дадоа Панчо од „ДНК“ и Влатко Лозаноски и Димитар Андоновски.

Доделувањето на МАС наградите ќе се одржи во „Штарк арена“ во Белград на 29 јануари. Освен Каролина, Бајага, Петар Грашо, Сергеј Ќетковиќ, Жељко Јоксимовиќ и бендот „Ван Гог“ открија дека ќе пеат на манифестацијата.

Организатори на настанот се Skymusic, кои велат дека и во наредните денови ќе бидат објавени имињата на останатите изведувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Scroll to Top