Сестрите Маријана и Росана славеа роденден. Едната порано другата ден покасно, заради временската разлика меѓу Македонија и Австралија. Познатите сестри близначки наполнија по 57 гопдини, а и овој, како и многу други родендени, не го прославија заедно.
„Сестро моја, душо моја и сонце мое најсветло. И пак после толку години, за нашиот роденден ние не сме заедно, но ти знаеш дека си половина од мојата душа која е секогаш во мене.. Мене пак утре ми е роденден и нека ни се множат годините. Кој би кажал сека заедно сега полниме 114 години, уф не се малку. Што да ти посакам сестро најмила освен здравје и среќа, а се друго може да се надокнади. Твојата позитивност и насмевка никогаш не го тргај од твоето лице, а јас знам дека ти тоа го можеш. . Биди ми спокојна бидејки животот е само еден, реприза нема, а и краток е. Те сакам повеке од себе, душо моја“, напиша Росана.