И Пандев се вакцинираше па се објави на социјалните мрежи

Најдобриот македонски фудбалер во историјата и европски фудбалски ас, Горан Пандев, денес се вакцинираше против Ковид-19. И тој како повеќето јавни личности објави фотографијата на социјалните мрежи.

По објавата многумина  велат дека се изненадени оти мислеле Пандев порано ја примил вакцината. „Сепак, ова е поттик дека само со имунизација ќе се спротивставме на вирусот. И добро е што јавните личности објавуваат фотографии од вакцинирањето“, пишуваат на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top