Македонската пејачка и водителка Сузана Турунџиева напиша емотивна посвета за 80. роденден на мајка си. Благодарна за сите овие години што била покрај неа и кога никој друг немало таа ѝ посака уште долг живот. Заедно со пораката Сузана сподели и фотографија од мајка си заедно со Атиџе Муратова.
„Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа, треба да стојам простум. Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш. Среќен 80. ти роденден, мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш кога околу мене немаше никој. Биди ми тука уште многу долго“, вели Турунџиева.
Лани во интревју за „Репортер“, Сузана ни раскажа за нејзината мајка како најголема потпора во сите тешки мигови. „Колку да и беше тешко, таа секогаш знаеше како да ме утеши. И тогаш кога некој требеше неа да ја утеши. Таа е мојот херој по сѐ она што ни го приреди животот“, ни рече тогаш Турунџиева.
View this post on Instagram