И вториот тест на Антонио Милошоски за корона е негативен

By

Откако пред неколку дена беше хоспитализиран со температура и негативен тест за корона, Антонио Милошоски на „Фејсбук“ објави дека направил втор тест, но дека и овојпат тестот е негативен.

„И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро“, напиша тој.

Милошоски претходно беше во самоизолација, откако дозна дека неговата мајка е позитивна на корона, а во меѓувреме крена температура и здравствената состојба му се влоши, но тестовите покажаа дека тој не е заразен со Ковид-19.

Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие…

Posted by Antonio Miloshoski on Четврток, 02 јули 2020

Ќе ви се допадне