Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на последната трка на Европскиот ридско планинаски шампионат кој се одржа во Бузет, Хрватска.
Стефановски успеа да постави рекорд на патеката со вкупно време на двете трки од 5:13,189 часа, оставајќи го ривалот од Италија со повеќе од три минути зад себе.
Стефановски стана вицепрвак во својата категорија со вкупно 166 освоени поени, додека шампионот Миљуоло финишира со 177 поени. Иако остана без титулата, Стефановски го прослави рекордот и второто место на свој начин со својот тим.