Илина Арсова организира преспанска прошетка од село Стење до село Коњско во чест на комитите

Алпинистката и сликарка Илина Арсова утре ќе одржи илинденска прошетка од село Стење до село Коњско во рамките на „Преспаленд 2021“.

Прошетката е во чест на 12-те комитски чети, кои со над 2.000 востаници дејствувале на овој терен.

„Целиот тој простор изобилува со богата флора и фауна, а периодов најмногу со корморани и пеликани. Тука расте и редок вид зимзелени дрвја – фоја. Селото Коњско е карактеристично по својата местоположба и е блиску до островот Голем Град и од некогаш изолирано село со девет куќи, денес овде има над педесет“, вели Илина Арсова.

Таа минатиот месец ја отвори првата школа за качување во Македонија. Нејзината идеја е преку спорт да ги научи жените да бидат самостојни.

Илина Арсова е првата Македонка што успеала да ги освои сите седум највисоки врвови на седум континенти.

Илина Арсова отвора школа за качување и со спорт ќе ги учи жените да бидат самостојни

Scroll to Top