Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави дел од својата нова книга „Книга што самата се напиша“. Но, вниманието со неговиот цитат овој пат и го привлече и на својата бивша девојка, планинарката Илина Арсова со која се разделија, по неколку годишна врска.
„Подобро е да тагувам по неа ама да знам дека е среќна, одоколу таа да тагува по нешто, а јас да сум среќен‘, пишува Игор. На ова реагираше и Илина, по подолго време во јавноста, откако раскинаа. Па и таа ја сподели истата порака на Игор дополнувајќи: И вака и така ќе тагува …
И ова беше доволно да се коментира дека љубовта меѓу нив не завршила, иако се разделени.
Игор и Илина лани се разделија по неколку години врска. Тој во интервју за Репортер неодамна рече: Добро сум по разделбата. Јас сум, сепак, човек што не е во цутот на младоста. Оваа година полнам 60 години и, едноставно, во животот веќе немам време за разочарување и тагување. Тешко ми оди преболувањето, ама сфатив дека работата ми е единствената терапија.
Илина Арсова веќе подолго време е во Америка, каде доби престижна стипендија за докторски студии на Универзитетот во Тенеси.