Имам енергија ко 34 годишна, а хејтерчињата може до утре да зборат дека сум пластична: Ирена Спасовска се фрли на вежбање

Фолк пејачката Ирена Спасовска неодамна се врати од Египет и веднаш почна да вежба. Вели дека тоа ја исполнува и ја прави среќна.

“Тоа што го вложуваме сега ќе ни се врати во подоцнежните години. Или ќе бидеме здрави или ако не вежбаме, ќе се жалиме дека се  боли“, вели Спасовска во разговорот за „Репортер“.

Таа ни се пофали дека одсекогаш била активна. Се едно дали е теретана, фитнес, пилатес. Со короната направила пауза, ама сега се враќа во топ -форма.
“Некој ќе ми си рече, Ирена вежба и пак не е слаба. И точно е тоа, јас не сум слаба и никогаш нема да бидам слаба. И тоа мене не ми е целта. Доволно е да бидам со нормална тежина, а тие 5 килограми кои ми се повеќе да ги држам под контрола. Целта ми е да сум активна и да се чувствувам витално. А, богами имам енергија како да имам 34 години“, ни открива фолк пејачката која веќе подолго време е вегетаријанка и воопшто не јаде ни месо ни риба.

Спасовска беше не одмор во Египет. Откако ги објави фотографиите многумина кометираа дека заминала на летување, а предходно се жалела како музичарите немаат пари.Особено затоа што таа беше меѓу најгласните кои инсистираа на парична помош од Владата.
„Јас пејам 30 год и ако неможам да си дозволам одмор во Египет тогаш тоа би било смешно.Секој нека си го гледа својот џеб и нека не го интересира туѓиот. И јас може сакам да имам јахта па немам, ама тоа не ми дава дава за право да плукам по тие што заработиле и имаат. Така да не ме интересира кој што зборува“, вели фолк-пејачката за Репортер. 

Во разговорот ни откри дека често за себе слуша комнтари дека има правено естетски корекции на лицето. “Морам да ги разочарам хејтерчињата кои пишуваат дека сум пластична. За среќа немам никаква интервенција на лицето освен устата пред 17 години. Сите ме прашуваат што правам со лицето што немам брчки. Веројатно тоа е од добра нега, хидратација, а можеби и затоа што сум вегетеријанка, вежбам, возам велосипед. По природа сум весела, духот ми е многу млад и целиот тој склоп ме прави да изгледам помладо“, открива фолк пејачката.

Ирена ни откри дека пред 10 дена ја оформииле музичката комора на музичарите и музички дејности.

“ Јас и други колеги сме членови на комората и во централниот одбор и пред нас е период на работа. Допрва ќе се донесат решенија кои ги засегаат музичките работници“, вели фолк пејачката.

А.Георгиев 

 

 

Scroll to Top