По објавата за Виенскиот бал, кој викендов се одржа во Скопје, и кој се на него бил, денес интересен статус имаше познатиот доктор, токсиколог Нико Беќаровски.
Тој ја сподели веста на Репортер за балот на кој присуствуваа политичари, инфлуенсери , манекенки, водителки и слично.
Па за свеченоста која викендов собра куп јавни фаци докторот напиша: На денешната итна вонредна седница на претседателите на ЕУ, одржана по повод вчерашниот „свечен“ настан во Александар Палас, донесена е одлука дека Македонија не може да стане членка на ЕУ сè додека не го смени името на Виенскиот бал во Скопје, во маскенбал.
Габриел Бајрам со семејството на Виенски бал, на маса седеа со Агнеса Оганиџиева