Имињата ни ја предодредија љубовта, Тијана слави 18 години брак

Пејачката Тијана Дапчевиќ, која годинава Велигден го празнува во Скопје со семејството, денеска слави и 18-годишнина од бракот со Милан. Таа објави слика со сопругот, од времето кога биле дечко и девојка, и ја раскажа приказната за тоа како се запознале, ама откри и дека нивната љубов била предодредена заради нивните имиња – Милан и Тијана.

„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна решила дека и јас треба да се викам така. Две училишта, една академија и неколку љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да се појавам (на кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам. Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Оттогаш сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“, напиша Тијана.

Тијана и Милан од бракот го имаат десетгодишниот син Вук.

Scroll to Top