Водителката Ирена Спировска и фолк-пејачката Сани Гроздановска привлекоа најмногу внимание на вчерашниот фолк фестивал „Валандово“. Двете се појавија на сцената облечени во долги црвени фустани.
Ирена носеше широк, балски фустан, креација на модниот дизајнер Златко Јовановски, познат како Џеј Зи Џеј. Таа беше водителка на фестивалот и доби бројни комплименти за изгледот и од учесниците и од публиката, која ѝ остави коментар дека како и секогаш изгледа секси и совршено.
Сани, пак, вчера пееше на „Валандово“. Таа на сцената на фестивалот се појави во долг црвен фустан од тантела, со длабок шлиц. Исто како Ирена, доби пофалби за изборот на гардеробата.