Ирена Спасовска проговори за раскинувањето со Орце Гелевски

By

Два месеца откако фолк-пејачката Ирена Спасовска ја прекина 13-годишната врска со новинарот Орце Гелевски, таа јавно проговори за раскинувањето. Ирена демантира дека со Гелевски раскинале затоа што наводно таа била три години во врска со друг музичар, Амети Мухамедали – Мухи.

dobivaj vesti na viber

„Чаршијата може да зборува што си сака, затоа и се вика чаршија. Вистина е дека ставив крај на врската со Орце. И онака во професијата имам доста работа, многу патувам, со набиено темпо живеам. Јас со Орце не бев во брак и тоа е тоа. Не чувстувам потреба никому да се правдам. Мој живот, мои правила. Не се работи за друг маж, ниту од блиско ниту од далечно странство, едноставно така одлучив јас во тој момент. Сама сум и среќна, тоа ми е најбитно. Со ова сакам да се стави крај на трачот“, рекла пејачката во интервју за „Вечер прес“.

Таа додала дека е навистина среќна жена, ги сака животот, патувањата, другарувањето со колегите.

„Мојата среќа не може никој да ми ја растури, па ниту трачерите. Со Орце денес имаме добра комуникација. Не е точно дека ми бил ‘отскочна даска’, тоа си бев јас самата со мојот труд. Не велам дека Орце не ми давал насоки за некои одредени постапки, за некои песни, ама наградите сосема заслужено сум ги земала. Мислам дека и јас и Орце сме биле оштетени бидејки несвесно се создаваше слика на судир на интереси, и тоа влијаеше и на неговата работа, но и на мојата. Ако во МТВ сметаат дека имаат потреба да им пеам, јас сум тука секогаш расположена за соработка, како вистински професионалец“, додала таа.

По 13 години раскинаа Ирена Спасовска и Орце Гелевски

Ќе ви се допадне

tải sunwin

sunwin

tải sunwin

tải sunwin

sunwin sunwin apk tải sunwin