Ирена Спировска го искачи највисокиот врв на Балканот

Водителката Ирена Спировска се искачи на Мусала, највисокиот врв на Балканот, кој се наоѓа во Бугарија. Таа сподели неколку фотографии на „Инстаграм“, од тоа како се подготвува до тоа дека е спремна да го освои највисокиот врв.

Водителката успеала да го фотографира и изгрејсонцето на Мусала. Мусала е највисокиот врв на Балканот и е на надморска висина од 2925 метри. Не е тајна дека Ирена ужива во планинарењето и постојано споделува фотографии речиси од сите свои планинарски експедиции. ( А.Г.)

 

Scroll to Top