Фаќање за задник, скубење, удирање, навреди – вака изгледа детството на многумина тинејџери, сведочи актерката Весна Бејби Петрушевска, која секојдневно работи со деца во нејзината актерска школа. Во интревјуто за Макфакс, таа сподели многу ситуации за врсничко насилство и булирање, осбено за деца кои и се доверуваат, а рече и дека ова се случувало и со децата од популарната детска серија „Дајте музика“, со актерот Иринеј Ковчиќ.
„Родителите најчесто викаат ‘ааа добро е моето дете’. Јас не викам дека твоето дете не е добро, велам дека треба повеќе да разговараш со него. И моите деца од школата имаа проблем, затоа што 90% од нив се деца кои се појавуваат на телевизија и се ѕвезди. Иринеј кои што оди со својот филм каде што игра главна улога по сите светски фестивали, често беш жртва на булинг. Тој е идната наша супер ѕвезда и стварно ќе биде голем глумец. Оди надвор од зграда на школско игралиште му се собираат поголеми деца, му викаат ваков си таков си, па ќе го удрат, го малтретираат, па ќе купи пица, ќе му ја истурат пицата. Значи булинзи од невидени размери. Ова дете за среќа има свесни родители, па работиме многу.“, раскажа Весна.
Таа откри исто така слична ситуација за деца во Дебар маало. Па вели : „ Имаше претепување на девојче, па потоа имаше пред две недели тепачка во Дебар маало каде што 30 мажи претепаа дете откако едниов му ја земал женската на другиот. Исто и на Пеце Суперхикс натепано беше детето, па човекот напиша на Фејсбук. Јас го знам тоа дете, јутјуберче е малиот, едно преслатко дете, многу интересно дете . Пеце објави, веројатно бил многу потресен. И уште еден куп такви ситуации“ вели Весна и додава: Како да нема крај за врсничко насилство и како нема како да преземат институциите.