Ивана Крстеска шири магија во радиоетерот

Нашата прекрасна водителка Ивана Крстеска преку фреквенцијата на Радио Слободна Македонија шири магија во етерот.

Ивана не може да си го замисли денот без неколку часа комуникација со верните слушатели во радиоетерот.

– Радиото не може да се опише со зборови, тоа е магија што ве води во едно поинакво светло благодарение на моќниот звук. Едноставно, денот не можам да си го замислам без неколку часа на радио, така и ми започнува, всушност, секој ден, интеракцијата со слушателите која е постојана и едноставно некогаш кога не ви е денот, токму тие се тука, верните слушатели, да ви ја возвратат енергијата затоа што, нели, на секој понекогаш не му е денот, се случува тоа и кај нас водителите (сепак, живи суштества сме) – вели водителката Ивана Крстеска.

Вели дека радиото е магија, а најсреќна ја прави тоа што може со моќта на гласот да им го разведри денот на слушателите.

– Радиото е магија која кога ќе влезе во тебе, мислам дека не може да излезе, преку моќниот глас да му го направиш денот на слушателот и да си направи реална слика за она што го слуша, да предизвика чувство на блискост и среќа и да измами насмевки. Како велат, ако еднаш го засакаш радиото, засекогаш си врзан со него и тешко дека таа љубов може да престане – додава Крстеска.

(Г.М.)

Scroll to Top