Кумановката Ивона Јо објави разголени фотографии за Денот на жената и им порача на сите жените да не чекаат вечера и честитка, туку како што се гласни денес да останат и утре.
Ивона помеѓу градите го има истетовирано слоганот „Само нежно према себе“ кој беше основа на нејзината порака.
„Среќен 8 ми март на сите жени, мајки и кралици. Среќен 8 ми март тебе и мене. Се надевам како што сите сме гласни денес, ќе останеме и утре. Забавата не престанува кога ќе наполниш 30 години. Брчките на лиценцето не се знак дека стануваш грда и стара. Препушти се себеси, на себе. Пушти сѐ, затоа што и онака секој гледа за себе. Денес пушти сѐ. И те молам не чекај цвеќе, вечера и честитка. И не заборавај ништо не треба. „Треба“ само да сакаш да го правиш тоа. „Само нежно према себи“, напиша пејачката.
Фотосесијата на пејачката ја направил Мартин Тајановски.
View this post on Instagram