Израелскиот амбасадор со стој на раце го расположи Стево

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски објави фотографија на „Фејсбук“ заедно со амбасадорот на Израел Дан Ојран.

Амбасадорот го расположи Стево стоејќи на раце во неговиот кабинет.

„Оваа фотографија, „стој на раце“ со израелскиот амбасадор Дан Ојран, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша Пендаровски на „Фејбук“.

Ојран е љубител на спортот. Тој годинава објави фотографија од вежбална во Скопје, на која стои на раце.

(Фото) Амбасадорот на Израел со секси мускули во скопска вежбалница

Scroll to Top