Јан Стефановски ќе настапи на Skopje Drum Festival 2023

Јан Стефановски ќе има настап на Skopje Drum Festival 2023 кој ќе се одржи на 31-ви октомври во МКЦ.

„Заедно во кино Фросина, во пријатна и интимна атмосфера, ќе го проследиме четвртото издание на нашиот drum фестивал кој е единствен од овој карактер во државата. Секоја година, тимот на Skopje Drum Talks се посветува на подготовка на извонредна програма со цел да ви пружи несекојдневно и уживателно искуство“, информираат од Skopje Drum Festival 2023.

Јан Стефановски е роден во Скопје во 2000 -та година. Основно и средно училиште завршува во Скопје. Во моментов студира на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, смер џез музика, отсек – џез тапани. Од најмали нозе е опкружен со музика и инструменти. Тапани отсекогаш најмногу го привлекувале и од најрани години почнал да свири. Сериозно почнал да се занимава со музика во неговите тинејџерски години кога почнал прво да свири со школскиот бенд во средното училиште НОВА, потоа во бенд наречен Бен Адам, формиран од страна на негови другари, потоа во текот на 2020-та година има кратко учество во бендот Дупер, каде што гостува на 3 студиски композиции, и во 2023 година гостува и на два концерти на бендот Lincoln Letter. Непосредно пред да заврши гимназија, пролетта 2019-та година, заедно со басистот Иван Куќиќ, почнува да свири со Влатко Стефановски Трио. Со таа постава, покрај отсвирени над 100 концерти низ регионот и пошироко, има снимено студиски албум насловен „Тафталиџе Шафл”, кој постигнува голем успех.

Scroll to Top