Јане сними спот за УЕФА со Фиго и Абидал

Деветгодишниот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија, вчера сними спот за кампањата „Еднакви на терен“ на УЕФА. Спотот се снимаше во Лион, Франција, а Јане излезе на теренот заедно со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.

„Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката на УЕФА со кампањата „Еднакви на терен“. Јане е еден од лицата на кампањата. Тој во Лион ќе го гледа и финалето во Лига Европа меѓу „Олимпик Марсеј“ и „Атлетико Мадрид“.

Јане од своето раѓање боледува од спинална мускулна атрофија тип 2 и е врзан за инвалидска количка.

Scroll to Top