Бобан Милошевски кажа дека на крај на јули „Авалон“ ги враќа концертите во Македонија, а 2022 ќе биде, како што вели, историски најјака со големи светски концерти.
„Одамна не сум напишал ништо. Одамна не ми дошло да напишам ништо. Впрочем, за да преживее човек во вакво мртво време, треба да е умртвен. И така, си седиме јас и Миа во еден локал и си јадеме. Почнува песнава и во секунда почнувам да чувствувам комбинација на разни чувства. Првото е носталгија… јеби га, некако почетоков е сетен. Па желба да сум на концерт. Па нервоза, зошто одамна не сум бил на концерт. Па гордост зоашто ‘Авалон“ го донесе ова да свири live во Скопје”, напиша тој, па откри кога можеме да го очекуваме следниот концерт.
„И на крај, желба да ви кажам дека на крајот на јули ‘Авалон’ ги враќа концертите во Македонија. А, 2022 ќе биде историски најјака со големи светски концерти. Затоа што јебеш живот без музика и концерти”, вели Бобан.