Познатата водителка Јелена Спенџарска се пожали дека се здебелила за празниците. Дури 5 килограми, за кои вели дека не ѝ требале. Сега, вели Јелена, почнува со секојдневно вежбање за да се врати на старата форма.
„Ок е. Завршија празниците. Објавувам војна на сè што ми е вишок на телото, вклучувајќи ги и оние 5 кила кои не ми се пожелни во животот“, вели Спенџарска. Таа објави и фотографија со која се пофали дека сега секојдневно ќе оди на вежбање. (А.Г.)