Јордан Митев наздрави за љубовта

Фолк-пејачот Јордан Митев во Радовиш го заврши снимањето на спотот на неговата последна песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“. Митев ова видео го работеше со „Арт продукција“.

„И во песната и во спотот ќе може да се пронајде секоја генерација на слушатели на македонската народна песна. Во снимањето беа вклучени многу статисти, а јас и овојпат сакав да ги истакнам квалитетни и интересни места од мојот роден крај“, вели пејачот.

Спотот ќе се промовира наскоро, а Митев најави уште еден спот што ќе се снима надвор од Македонија.

Scroll to Top