Фолк-пејачот Јордан Митев промовираше две песни. Со првата песна насловена „Една и единствена“, Јордан настапи на фолк-фестивалот „Роса“. Втората песна, која е насловена „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, е песна со нов звук и со неа пејачот го најавува својот нов албум. Пред нова година ќе биде промоцијата на спотот.