Јордан Митев среќата ја најде во Швајцарија: Најчистата земја се вклопи во мојата приказна

“Среќо моја среќа си ми ти” е насловот на најновата песна на Јордан Митев, зад кој авторски комплетно се потпишува самиот пејач. Спотот на Митев го работеше долгогодишен пријател и соработник Зати и е снимен во Швајцарија.

“До сега во Македонија имам снимено околу 30-тина видеозаписи на речиси сите значајни локации, познати и не толку познати за пошироката јавност, па затоа одвреме-навреме чувстувам потреба за некоја моја песна да снимам спот и надвор од Македонија. Ова ми е пети видеоспот снимен надвор од Македонија“, објави Митев. Новата песна на Митев е со малку помодерен израз, а во неа се пее за среќна љубов.

„ Токму затоа сметав дека Швајцарија како една од најживописните и најчисти земји во светот убаво ќе се вклопи во целата приказна. Видеото го снимав во објект на Тунското езеро во градот Тун, кој порано бил и приватен замок, па целиот тој амбиент одлично се вклопи во целата приказна. Верувам дека публиката ќе ужива во новата песна“-откри тој

Scroll to Top