Фолк-пејачот Јордан Митев стана татко. Тој и неговата сопруга Славица добија ќерка.
„20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко“, напиша пејачот.
Јордан Митев долго време е дел од фолк сцената и важи за еден од омилените на публиката. Зад себе има еден куп песни, албуми и концерти.