Јосип Броз Тито донираше 350.000 денари на СОС Детско село

Авторот на книгата „Тито мојот последен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“, денес донираа 350.000 денари на „СОС Детско село“.

Средствата беа собрани преку кампањата „Донирај и добиј книга“. Кампањата почна лани во декември на иницијатива на Ѕоф и издавачката куќа.

Парите од продажбата на првиот тираж (од 1000 примероци), вклучително и оние од авторските права беа донирани за потребите на децата, младите и семејствата во ризик. Донаторите денес го посетија селото и се запознаа со едно од семејствата.

Директорката Јулијана Накова Гапо, им се заблагодари и рече дека солидарноста има круцијална улога во ова време кога светот застана заради пандемијата на Ковид-19.

„Благодарни сме што добивме партнери кои покажаа исклучителна сензибилност за важноста на помагањето во време на пандемија. Преку нивната акција ја покажаа нивната солидарност, но и индиректно ја промовираа потребата за солидарност помеѓу граѓаните и важноста да се помага на најранливите категории – децата и семејствата во социјален ризик“, рече Гапо.

Scroll to Top