Втора година по ред македонскиот поп- изведувач Јоце Панов за 8 Март ќе пее во Македонската филхармонија. На поготовка на концертото панов работи интензивно со уште десетици лица.
„Го подготвуваме секој детал, од медиумите како наши најголеми соработници, преку избор на песни, аранжмани, сцена … Јоце е влезен во студио и подготвува две нови песни, ‘Жено вистинска’ и ‘Алкатраз’ чија премиера ќе биде на самиот концерт“, велат од ПР тимот на Панов.
Минатата година Панов ја изненади македонската јавност со концерт во Македонската филхармонија, а од неговиот тим велат дека годинашниот концерт е на барање на публиката.
„Кога традицијата ја создава публиката — таа трае“, велат од тимот на Панов.






