Македонскиот поп-пејач Јоце Панов деновиве ќе го промовира својот нов албум „Ни Љ од љубовта“. Името на албумот е по насловната песна што Јоце ја испеа на Скопски фестивал 2014 година.
„До крајот на март ќе се одржат две промоции, едната во Скопје, другата во Белград“, рече Јоце за „Репортер“.
Албумот ќе има и македонска и српска верзија. Издавач за Македонија е „Носталгија рекордс“, а за српскиот пазар албумот е во издание на „Сити рекордс“. Ова е трет албум на Панов. Тој и овојпат тој соработува со познати музички имиња од земјава, но и со реномирани музичари од регионот.
„Се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне тоа што го подготвував изминативе години“, додаде тој.
За неколку песни планира да сними и спотови за повеќе да ги доближи до публиката. Во моментов е актуелен со песната „Кога те нема“, посветена на неговата почината мајка.
(А.Ј)