Јутјуберот Ритко влегол во училиште во Штип, па снимал и навредувал ученички

Во школо во Штип се случиувала вистинска драма откако јутјуберот Ритко упаднал во училница, па снимал и навредувал ученички. Во средното електро-машинско учулиште „Коле Нехтенин“ во Штип, вечра битослкиот јутјубер Ритко скришно влегол во училиштето, ги снимал учениците ,а потоа со вулгарни зборови ги навредувал ученичките.

Ова го потврди и полицијата откако тој бил пријавен. Но, додека да дојде полицијата, тој побегнал низ прозорецот од училница , а полицјата го фатила на друга локација, кога малтретирале друг човек и му го прегледувале гепекот од автомобилот, пишува ММС. 

 

Сето ова се случувало за време на големиот одмор, а настанот го потврди и  директорот на школото  Дејан Павлов.

И во извештајот на штипската полиција се вели : Вчера се приведени се Р.М.(21), Д.Д.(20), О.Ш.(21) и еден малолетник сите од Битола, бидејќи во 09.20 часот во просториите на средно општинско училиште во Штип неовластено влегле и се задржале, а во кое не се ученици, постапувајќи спротивно на чл.26 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.“. Со ова е запознаен и  Јавен обвинител и од страна на СВР Штип се прибираат докази и преземаат мерки и за целосно расчистување и комплетирање на кривичното дело .Ритко е познат јутјубер, кој и во видеата кои ги  објавува на Јутјуб користи вулгарни зборови.

Ова не е првпат оти неодамна и СВР Тетово поднесе кривична пријава против 20 годишниот битолски јутјубер Ритко. Тој лани во ноември без знаење на 17-годишен малолетник, го снимал нивниот разговор, по што видеото го објавил на социјалните мрежи и на негов Јутјуб канал.

 

Scroll to Top