Кафе-муабет со Томислав Јотовски: Утринското расположение ми влијае каков ќе ми е денот

Денот ми почнува така што прво одам да го прошетам кучето, а потоа појадок и кафе, и спремен сум за на тренинг. Првото кафе секогаш го пијам дома, и тоа е мојот посебен утрински ритуал. А пијам само еспресо.

Утринското расположение многу ми влијае на текот на денот. Затоа гледам да легнам рано, да се наспијам убаво. Потоа скоро цел ден ми поминува во спортување, цел ден фокусот ми е таму – од тренинзи, фитнес масажи, здрава исхрана… целосно сум посветен на работата.

За викенд најчесто наутро да одам на Водно или на планина, а попладне организирам ручек со другарите. Неделата ми е цел ден за одмор.

Кога не сум фокусиран на тенисот, времето го поминувам со пријателите: кафе, ручек, некаде на викенд, опуштена атмосфера.

И секогаш во сè што правам ме води позитивната мисла, но и потребата во секоја работа да го дадам својот максимум, без разлика за што се работи.

Кафе-муабет со Томислав Јотовски, тенисер

 

Scroll to Top