Секое утро првин добро се истегнувам и одам на кратко и лесно трчање ако тоа го дозволуваат временските услови. Не би кажал дека тоа е некој посебен ритуал, но така го почнувам денот. Можеби е чудно, но не пијам кафе наутро. Тоа го правам кога сум излезен со пријателите.
Викенд-утрата не ми се многу поинакви од другите денови во неделата, освен што сум можеби малку помрзлив, па и поминувам повеќе време во кревет.
Секогаш е убаво кога утрото е сончево и ведро и тоа ми влијае добро на расположението. Но, и кога тоа не е случај, се трудам расположението во текот на денот да ми е на највисоко ниво.
Обично спортувам 3-4 часа во текот на денот, иако има барем еден ден во неделата кога не тренирам. Можеби не водам некој екстремно здрав живот, но избегнувам брза храна, грицки и воопшто не пијам алкохол и не пушам цигари.
Како позитивна мисла, која ме води низ денот, би ја издвоил една од моите омилени изреки: „Или најди пат или самиот направи си го“.
Кафе-муабрет со Виктор Крстевски, каратист