Како изгледаат денес децата од серијата „Наше маало“

Детската серија „Наше маало“ беше една од омилените на децата кои растеа кон крајот на ’80-те и почетокот на ’90-те години. Сите што ја гледале серијата се сеќаваат на другарството на Диме, Мали, Зана, Ице, Џелјан, Филиз, Бени и другите другарчиња од населбата „Пролет“.

По 18 години дел од хероите на оваа серија повторно се собраа во популарната зграда на Кармен, во истата просторија каде што се снимаше серијата. Повеќето од нив се сменети и непрепознатливи, но кога ја објавија фотографијата на социјалните мрежи многумина се запрашаа дали момците и девојките повторно ќе снимаат заедно или можеби нивната средба ќе поттикнат снимање на ново „Наше маало“ со други дечиња.

Scroll to Top