Калин Ивановски го има најдобриот пласман на АТП-листата досега

Ивановски има скок од 26 позиции, сега со 175 поени се наоѓа на 305. место, што е за една позиција подобро од неговиот досегашен најдобар пласман.

Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург. Попладнево во првото коло игра против 28 годишниот холандски тенисер Јеле Селс.

И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485. место со скок од осум места, а остана со три поени.

Scroll to Top