Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во четвртфиналето на јуниорскиот дел на Вимбелдон, по победата на Едас Бутвалас од Литванија со 6:4, 5:7 и 6:0.
Младиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против Шпанецот Педро Роденас. За 18-годишниот Ивановски ова е трет триумф, откако претходно беше подобар и од Британецот Пау и Мексиканецот Пачеко.
Токму со победата над Пачеко, Ивановски го привлече вниманието на јавноста. Тој го изненади со сервис пласирам меѓу своите нозе, а британски „Мирор“ напиша дека овој негов потег потсети на Ник Кирјос и Енди Мареј.
За Ивановски ова е најголемиот успех во кариерата. Тој досега никогаш не успеал да го помине првото коло на гренд слем турнирите.