Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на турнирот во Скопје. Во полуфиналниот меч во Скопје Калин Ивановски со резултат 2:1 во сетови го победи, Ерги Киркин од Турција.
Ивановски, кој е четврти носител на турнирот во финалето ќе игра против Французинот Саша Вајенбург. За францускиот тенисер ова е трето финале оваа година, а пред две недели играше и во квалификациите и на „Ролан Гарос“.