Калиопи: Болката на детето ме тера да плачам

By

Поп-дивата Калиопи Букле ќе одржи концерт во Белград на 9 ноември. Во пресрет на концертот таа за српските медиуми зборуваше дека едвај чека да се претстави пред публиката, но освен за музиката, раскажа и интересни работи за себе.

„Мојата насмевка е мојот свет. Сè кажувам преку неа. Ја сум човек кој набљудува, следам сè што се случува околу мене и никој не може да влијае на моите одлуки. Имам свои принципи и правила од кои не отстапувам“, вели Калиопи.

Иако нејзината работа е врзана со новите технологии, таа не сака да биде премногу зависна од нив. Активна е на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, но не сака да биде роб на социјалните мрежи.

Калиопи за себе вели дека е скромна и едноставна и не подлегнува на туѓи влијанија. Таа на медиумите им открила дека не гледа ријалити шоуа и дека кога има слободно време најмногу сака да биде дома или на море.

На прашањето што најмногу ја вади од такт, поп-дивата рекла дека то е нечовечноста кај луѓето, а најмногу може да ја расплаче немоќта на старите луѓе и болката кај децата. Во разговорот за српските медиуми таа кажала и дека во животот научила да се бори и никогаш да не се откажува од работите.

„Секогаш кога ми е тешко само ќе помислам на тоа дека во светот постои некој на кого му е многу потешко. Ќе се исправам и продолжувам понатаму“, вели Калиопи.

Пејачката со нетрпение го очекува концертот наредниот месец. Вели дека секоја средба со белградската публика за неа е како празник.

„Како се приближува денот, кај мене емоциите растат сè повеќе и повеќе“, изјави Калиопи.

 

Ќе ви се допадне