Поп-ѕвеадата Калиопи деновиве е на море, од каде што објавува слики и видеа на социјалните мрежи. Таа не крие дека и покрај тоа што ужива на море, ѝ недостига публиката, концертите и музиката. Па, легната на плажа, Калиопи напиша дека на мотре дише друга слобода и дека чека конечно да ѝ се врати на публиката.
„Во исчекување на нашата слобода и можноста да се вратам на сцената, на мојата публика, дишам друга слобода во која живеам со мојата инспирација. Се подготвувам да ви се вратам уште посилна и уште подобра и да ви пеам како никогаш до сега“, напиша Калиопи.
За потсетување, Калиопи одамна нема снимено нова песна, а последниот албум ѝ беше на српски јазик. По промоцијата на албумот, таа постојано одржуваше концерти во Хрватска, Србија и во Босна, а во Македонија речиси и да немаше настапи. Сепак, за празниците Калиопи беше во Скопје, а потоа и роденденот го прослави дома со својот поранешен маж, глумецот Васил Зафирчев.