Калиопи ќе пее на Балканските денови во Минхен

Поп-ѕвездата Калиопи ќе одржи концерт во Минхен на 17 јануари. Таа ќе настапи на културната манифестација „Балкански денови“.

„Со нетрпение го очекувам концертот во Минхен, во новата модерна хала Исар Филхармонија“, напиша Калиопи на Инстаграм и го најави својот настап.

На концертот ќе ја придружува нејзиниот бенд со кој настапува долги години.

Калиопи пред празниците одржа неколку концерти во поранешните југословенски република, а имаше и одличен концерт во Велес, што беше нејзин прв настап во Македонија по пет години пауза.

Scroll to Top