Поп-ѕвездата Калиопи, која следниот викенд ќе одржи концерт во Белград, во интервју за српските медиуми откри дека нејзиниот поранешен маж, Ромео Грил, е најважниот маж во нејзиниот живот.
„Јас секогаш велам дека треба да останете во добри односи со бившите, никогаш не знаете што добро може да излезе од тоа. Ромео Грил е автор кој надобро ме познава. Тој ја знае мојата душа, го препознава чукањето на моето срце, во кој момент што треба да пеам, а во исто време знае што сака публиката“, рече Калиопи во емисијата „Ново јутро“.
Калиопи пред концертот во Србија ја промовира новата песна „Пресуда“, која за неа ја напиша Ромео Грил. Концертот на поп-ѕвездата ќе се одржи на 23 ноември во „Сава центар“.