Некогашната македонска претставничка на Евросонг, Калиопи Букле, за првпат во јавноста прозборе за моментите кога се раздели со велешкиот актер Васил Зафирчев, период во кој, како што таа вели, ѝ било многу тешко.
„Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Преку разводот е тешко да се помине, онолку колку што сте подготвени да поднесете. Моите поранешни сопружници денес се мои најдобри пријатели. Веројатно успеавме во тоа бидејќи сите сме паметни луѓе“, рекла Калиопи за порталот „Аска.рс“.
Калиопи ја прокоментира и разликата во годините.
„Мислам дека човекот низ историјата докажа дека кога љубовта е во прашање, правила за успех и неуспех не постојат. Затоа сите шпекулации паѓаат во вода“, рекла Калиопи.
Инаку, таа и Васил Зафирчев беа 7 години во брак.