Поп-пејачката Калиопи ќе има настап во Мадрид. Настапот е предвиден да се одржи пред официјалната Евровизија и закажан е за на 7-ми април.
„Дивата на македонската музика Калиопи. И да не учествува на Евровизија 2023 година, Македонија ќе биде таму. Во петок, на 7-ми април, ќе можеме да уживаме во неверојатниот настап во живо на Калиопи на „Ла Ривиера“ во Мадрид“, информираат организторите Евровизија Шпанија.
Македонија оваа година нема да учествува на Евровизија, такава одлука донесе Македонската Радио Телевизија.
„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“, велат од МРТ.
Македонската Радио Телевизија на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.
View this post on Instagram