Илон Маск реагираше на изјавата на раперот Канје Вест, кој го смета милијардерот за „генетски хибрид“ и „клон“. Маск со хумор реагираше на зборовите на музичарот. „Тоа го сфаќам како комплимент“, напиша Маск на својот личен профил.
Реакцијата на Маск доаѓа откако Канје Вест објави на социјалните мрежи дека сопственикот на Твитер „можеби е половина Кинез“. Музичарот продолжи со навредите и рече дека Маск е хибрид, односно „кинески гениј и јужноафрикански супермодел“.
Претходно Илон Маск изјави дека профилот на Канје Вест повторно ќе биде блокиран на Твитер поради уште едно прекршување на правилата за поттикнување насилство.